Vinca major
| Vinca major | |
|---|---|
| Научна класификација [ у ] | |
| Непознат таксон (попр): | Vinceae |
| Род: | Vinca |
| Вид: | Vinca major |
| Научен назив | |
| Vinca major L. | |
| Синоними | |
| |
Vinca major, е вид цветно растение од семејството Кучешки чемери (науч. Apocynaceae), по потекло од западниот Медитеран. Расте до 25 см. во висина и распослано, тоа е зимзелено повеќегодишено растение, често се користи во одгледувањето како покривка на земја.[1]
Опис
[уреди | уреди извор]Vinca major е лоза, која се шири по земјата и се вкоренува по стеблата, формирајќи густи маси од покривка на земјата поединечно во должина од 2 до 5 метри во пречник и до 25 см, а може да достигне височина и до 70 см.
Листовите се спротивни, јајцевидни во основата на стеблата и ланцетни на врвот,од 3 до 9 см долги и 2–6 см широки, сјајно темно зелени со кожеста текстура, но јасно остар раб, и влакнеста лисна дршка долга од 1–2 см.
Цветовите се хермафродитни, аксиларни и единечни, виолетово-сини, со дијаметар од 3-5 см, со петлобусен околуцветник. Чашкиното ливче што ја опкружува основата на цветот е од 10 -17 мм. долго со влакнести рабови. Цветниот период трае од рана пролет до есен.
Слични видови
[уреди | уреди извор]Блиско поврзаната Зелениче (растение) е слично, но помало, со потесни, безвлакнести листови.
Таксономија
[уреди | уреди извор]Подвидови
[уреди | уреди извор]Постојат два подвида, со географски одвоени ареали:
- Vinca major подвид. major - листните ливчиња се ситно влакнести, влакната се кратки (Јужна Европа)
- Vinca major подвид. hirsuta (Boiss.) Stearn (син. V. pubescens d'Urv.) - листовите се густо влакнести, влакната подолги; ливчињата се многу потесни (Кавказ, североисточна Турција)
Етимологија
[уреди | уреди извор]Името на родот веројатно потекнува од латинскиот збор vincire, што значи исечено, бидејќи долгите ползечки лози се користеле за подготовка на венци.
Распространетост и живеалиште
[уреди | уреди извор]Овој вид се среќава во јужна Европа и северна Африка, од Шпанија и јужна Франција на исток до западен Балканскиот Полуостров , а исто така и во североисточна Турција и западен Кавказ. Овие се наоѓаат и во долните Хималајски планински венци во Азија.
Претпочита влажни грмушки, шуми, живи огради и брегови покрај реките на надморска височина од до 800 метри над нивото на морето. Расте добро на сонце и во длабока сенка. Расте и во Македонија во буковиот регион на планината Баба.
Како инвазивно растение
[уреди | уреди извор]Vinca major е инвазивен вид во умерените делови на САД, Јужноафриканска Република[2] Австралија и Нов Зеланд. Тоа е особено чест штетен плевел што ги „задушува“ автохтоните растенија и разновидноста во крајбрежните области и живеалиштата на дабови шуми на крајбрежната Калифорнија. Формира густи нишки што ги обвиткуваат другите растенија и можат да спречат раст на фиданки и грмушки со блокирање на светлината. Растението се движи од место до место, со ненамерна човечка помош, во фрлен градинарски отпад или како фрагменти од растенија носени во вода.
Одгледување
[уреди | уреди извор]Vinca major е често одгледувано украсно растение во умерените градини поради неговото зимзелено зеленило, пролетните цвеќиња и заземјувачката покривка или употреба како лози.
Достапни се многу сорти, со разлики во цветовите, како што се бели до темно виолетови цветови, и различни шари и бои на разнобојно зеленило. Сортата „Variegata“ ја добило наградата за градинарски заслуги на Кралското хортикултурно друштво.[3][4]
Во себе ги содржи следниве соединенија: винбластин, винкристин, виндезин и винорелбин.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Детал од цветот, цветни пупки и листови во пролет
- Зелениче, разновидност на Vinka major
- Приказ на цветот од var. oxyloba
- Забележете го влакнестиот раб
- Листови со острирабови и влакнесто стебло
- „Variegata“
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Матевски, Владо : (2021). "Флора на Македонија">Флора на РС Македонија, Том 2, св. 2,. Скопје: МАНУ, Скопје. стр. 51.CS1-одржување: излишна интерпункција (link)
- ↑ Janey. „Invasive Species South Africa - Protecting Biodiversity from Invasion - Greater periwinkle | Vinca major“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2021-09-21. Посетено на 2026-08-11.
- ↑ „Vinca major 'Variegata'“. RHS. Посетено на 5 March 2021.
- ↑ „AGM Plants - Ornamental“ (PDF). Royal Horticultural Society. July 2017. стр. 107. Посетено на 18 February 2019.
Библиографија
[уреди | уреди извор]- Pignatti S. - Flora d'Italia – Edagricole – 1982, Vol. II, стр. 348
- Флора Европеа: Распространетост
- Блејми, М. и Греј-Вилсон, Ц. (1989). Флора на Британија и Северна Европа . Ходер и Стоутон.
- Хаксли, А., ур. (1992). Нов речник за градинарство на RHS 4: 664-665. Мекмилан.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Vinca major во фотографската база „CalPhotos“ на Калифорнискиот универзитет во Беркли.
- „Vinca major“. Plants for a Future. (англиски)
|